Владата останува на ставот дека пописот треба да продолжи, а ја разгледува можноста за воспоставување на дополнителни протоколи за заштита од Ковид 19, наменети за теренските попишувачи. Од Министерството за правда велат дека ќе се оди на попис на отворени локации.
„Во врска со здравствените протоколи, каде има можност пописот ќе се врши на отворен простор, односно во дворовите и пред зградите. За време на пописот, сите препораки на КЗБ ќе бидат апсолутно почитувани. Според тоа, нема место за прекинување на статистичката операција.“
Од Заводот за статистика велат дека евентуалното одложување би отворило повеќе компликации и за тоа ќе бидат потребни законски измени. Заменик-директорот на Заводот има уште еден предлог за решавање на овој проблем.
„Да се продолжи периодот, значи, да не биде 21 ден, туку да се оди со 40 дена, зошто да не и повеќе. Ќе биде уште подобро и за нас како Државен завод за статистика, но исто така и теренските попишувачи ќе имаат повеќе простор за комуникација со семејствата што треба да се попишат и да видат како е. Значи, да најавуваат, да закажат средба и на терен да се врши практичен попис.“, стои во соопштението на ДЗС.