Вкупниот број претплатници на пристап до Интернет со широк опсег во вториот квартал годинава изнесува 502 200, а пристап преку мобилни мрежи (2G/3G/4G) имале 1 418 946.
Во вториот квартал од 2022 година се регистрирани 1 932 608 претплатниците во мобилната телефонија за 3,48 проценти повеќе споредено со вториот квартал од претходната година, а просечно иницирале 110,36 повици месечно, покажува извештајот на Агенцијата за електронски комуникации објавен на крајот на минатиот месец.
Кај резиденцијалните пост-пеид претплатници има раст од 1,17 проценти од претходниот квартал додека во однос на истиот квартал од претходната година зголемувањето изнесува од 4,03 проценти. Деловните пост-пеид претплатници бележат раст од 0,17 проценти во однос на претходниот квартал, а во однос на вториот квартал од 2021 година пад од 0,02 проценти.
Во вториот квартал од 2022 година има намалување на бројот на испратени СМС пораки во однос на првиот квартал од 1,41 проценти. Кај вкупниот број испратени ММС пораки во вториот квартал од 2022 година има раст од 0,85 проценти во однос на претходниот квартал и пад од 2,88 проценти споредено со вториот квартал од 2021 година.
Најголем пазарен удел има Македонски Телеком со 50,67 проценти, додека А1 Македонија има пазарен удел од 47,77 проценти, Роби од 0,89 проценти, Лајкамобајл од 0,55 проценти, додека Греен Мобиле од 0,12 проценти.
Заклучно со вториот квартал од 2022 година се регистрирани 435 714 претплатници на ТВ услуги, од кои 212 433 на кебалеска, на IPTV е 152 093, на DVB-T 41.297, а 30 081 на сателитска телевизија. И на квартално и на годишно ниво се бележи зголемување на претплатниците на сателитска за 10,11 односно за 22,57 проценти.
Според извештајот на АЕК, заклучно со вториот квартал 2022 година во државава се регистрирани 432 086 фиксни линии, за 1,37 проценти повеќе на квартално, а за 2,66 проценти на годишно ниво.
Целокупниот обем на сообраќај во вториот квартал од минатата година во однос на истиот квартал од претходната година бележи пад од 24,23 проценти, додека во однос на првиот квартал од 2022 година бележи пад од 10,26 проценти.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.