Нема државјанство со тројца сведоци. Премиерот Зоран Заев на состанокот во понеделник со лидерите на опозицијата од редовите на Албанците, Зијадин Села и Африм Гаши ќе оди со измените на Законот од 2004 година со кој статус на граѓанин на Македонија се добива по исполнување на еден од 15 – те потребни критериуми. Кои се тие критериуми, Заев вели дека ќе бидат познати во понеделник.
Премиерот е оптимист дека следната средба ќе донесе позитивен резултат и опозицијата ќе ја прифати неговата понуда. Предлогот што премиерот Зоран Заев ќе им го открие на опозициските лидери за да се стави крај на спорот со Предлог законот за државјанство предвидува 15 олеснителни одредби за лицата без државјанство. Во овој Закон, постапките главно се засноваа на наследено државјанство од предците и негово стекнување врз основа на живеалиште на територијата на Македонија.