На веб страницата на Фудбалската федерација на Македонија каде што има и ФАН ШОП не може да се нарача дрес од нашата репрезентација бидејќи сите се потрошени.
Нема ниту црвени, ниту бели, а бордо и новиот дизајн воопшто не постојан.
Но затоа, кинеската Али Експрес на големо ги нуди нашите дресови. Од 15 до 19 долари се движи цената за еден дрес, а има и можност вашето име да биде испишано на задната страна од дресот.
Колегите од OFF.net.mk се обратиле и до ФФМ со прашање зошто нема достапни дресови, а ова е одговорот:
„Од фан шопот на Фудбалска федерација за потребите на сите репрезентативни категории (сениорска, младинска итн.) се повлечени сите дресови до последен затоа што е донесена одлука да се игра во таа едиција од претходно“, велат од таму и додаваат:
„Нам ни истекува договорот со Јако и сега ќе треба Федерација да седне да разговара со нив или со други заинтересирани страни. Новиот дрес, како што знаете, на барање на јавноста беше повлечен од употреба па нема логика нешто што е повлечено од употреба да биде ставено на продажба во фан шопот. Целата процедура на нарачка, производство, набавка, достава на дресови од производител знае да потрае прилично долго, некогаш и по пар месеци. Секој обид да се набави залиха од старите дресови би го надминал стартот на Европско првенство“, додаваат од таму и нагласуваат дека сите промоции на дресови кои се продаваат по интернет, немаат ништо со ФФМ и дека се копии а не оригинали.