Нема доволно докази дека додатоците на витамин Д ги штитат луѓето од ковид-19, пренесува „Би-Би-Си“.

Од Националниот институт за здравство и грижа, Јавното здравство во Англија и научниот комитет за исхрана, велат дека се потребни повеќе истражувања на оваа тема.

Но, на сите сепак им се препорачува да земаат дневен додаток на витамин Д оваа зима за да ги одржат здрави коските и мускулите.

Здравствените власти извршија брз преглед на доказите за врската помеѓу витаминот Д и коронавирусот, откако мал број студии сугерираа дека овој витамин може да игра важна улога како имунолошки одговор на организмот на респираторни вируси.

Фото: EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

Сепак, тие откриле дека „нема доволно докази“ за да се препорача за спречување или лекување на болеста.

Здравствените експерти кои ги проучувале доказите изјавиле дека се потребни повеќе високо квалитетни и контролирани испитувања пред да дојдат до какви било заклучоци.

Ние продолжуваме да ги следиме доказите додека се објавуваат и ќе ги разгледаме и ажурираме упатствата доколку е потребно“, вели д-р Пол Крис, директор на центарот за упатства „NICE“.

Проф. Адријан Мартино, клинички професор по респираторна инфекција и имунитет на Универзитетот „Квин Мери“ во Лондон, вели дека постои можност витаминот „да го намали ризикот и/или сериозноста на ковид-19“ но дека сепак треба да се почекаат резултатите од клиничките студии кои веројатно ќе го одговорат ова прашање.

unsplash

Земањето витамин Д е особено важно оваа зима поради фактот што луѓето поминуваат повеќе време во затворени простории изолирајќи и заштитувајќи се од коронавирусот. Ова значи дека тие можеби немаат доволно витамин Д затоа што не биле изложени на сончева светлина која е клучен извор на овој витамин.

Некои луѓе кои се изложени на ризик од ниски нивоа на витамин Д дури и во пролет и лето, луѓето со темна кожа со африканско, африканско-карипско или јужноазиско потекло, старите лица кои се во старечки домови, луѓето кои не одат често надвор или луѓето кои прикриваат поголем дел од својата кожа кога се на отворено. Луѓето во овие групи се советуваат да земаат додаток на витамин Д цела година.

Ние советуваме сите – особено постарите лица, оние кои не излегуваат надвор и оние со темна кожа – да земаат 40мг додаток на витамин Д секој ден“, вели д-р Алисон Тедстон, главен нутриционист во Јавносто здравство на Англија.

Оваа година, советот е поважен од кога и да е имајќи го предвид фактот дека повеќето луѓе се принудени да седат дома.