Пред само неколку дена Жозе Мурињо доби отказ од Тотенхем поради сладбие резулати. Португалецот сепак ќе добие 30 милиони фунти обесштетување. Претходно од клубовите од кои добил отказ вкупно инкасирал неверојатни 100 милиони.
Но, она што е поважно е колку Мурињо ќе биде без работа. Според информациите не многу долго. Првата понуда стигнала од Местаља, но тој одбил да биде тренер на Валенсија. Сепак, има една интересна понуда, доаѓа од Шкотска. Наводно култниот шкотски тим Селтикс бил заинтересиран, а на Мурињо му се гледа интересна оваа опција.
Според британски „Телеграф“ веќе се воспоставени контакти, па доколку Мурињо ја прифати понудата секако ќе биде изненадување.