Сојузот на синдикати на Македонија утре во период од 13 до 14 часот ќе го сопрат сообраќајот на улицата Димитрие Чуповски, каде што се наоѓа Организацијата на работодавачи и Стопанската комора за да ја искажат својата сериозна намера дека не отстапуваат од барањето минималната плата да е 18 илјади денари.
Ова за Телма го потврди претседателот на ССМ, Дарко Димовски. Пресметките на ССМ покажале дека со новата методологија која вчера ја понудиле работодавачите минималната плата би била 16.164 денари што за нив се неприфатливи. Ако во 16 часот не се прифатат нивните барања, почнуваат со генерален штрајк.