Нема договор по средбата на лидерите на СДСМ и Алтернатива, Зоран Заев и Африм Гаши, за влез на партијата во парламентарното мнозинство.

Премиерот  Заев на прес-конференција по средбата повторно истакна дека не е за предвремени парламентарни избори и оти остануваат уште три и пол години од мандатот на оваа Влада.

Заев истакна дека денеска се отвориле неколку проблематики за кои за време на викендот и на почетокот на идната недела ќе размислуваат и двете партии. Вели дека за Македонија најважна е европската иднина.