Заев нагласи дека денеска разговарале за билатерален проблем, дека проблемот со Бугарија е таков – билатерален и дека решението треба да го најдат двете страни.

„Разговаравме за суштината за структурата на можното решение на проблемот преку патоказот, секторска соработка со конкретни рокови, а го искоментиравме и португалскиот предлог. Исчекор е и тоа што седиме заедно. Решението мора да води грижа за интересите на двете страни и само така граѓаните ќе го поддржат “, рече Заев на прес-конференцијата.

Тој, како што рече, убеден е дека денешните средби ќе донесат само добро за двата братски народи и апелираше до граѓаните во двете земји да го поддржат добрососедството, соработката и пријателството и меѓусебната братска поддршка за иднината на двете земји и народи.