Стражарите во Централниот затвор во Белград, делот во улицата Устаничка во зградата на Специјалниот суд, имаат проблеми со Вељко Беливук речиси секоја вечер, пишуваат Новости.
Според информациите на весникот, тој скоро наизменично лелека и вика, па се заканува и понекогаш плаче.
– Беливук е ставен во самица, но многу тешко поднесува тоа што е зад решетки – наведува извор за Новости.
– Стражарите се обидуваат да го смират, но не вреди. Останатите уапсени, кои се наоѓаат во тој дел, не можат да спијат поради него. Од почетокот на февруари, кога беше приведен, неколкупати биле повикувани лекари да му помогнат. Последниот пат во Ритопек беше пронајдена хорор собата за мачење каде имало и со мелница за месо, а Невоља толку се возбудил што лекарите едвај успеале да му го намалат крвниот притисок и срцевиот ритам. Тој беше пред инфаркт, пишува весникот.
Ниту Марко Миљковиќ не ги поминува подобро ноќите во притвор. Сепак, тој е во самица во Централниот затвор на улицата Бачванска./Sloboden Pecat