Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес во Пријепоље, разговараше со локалното население за проблемите, а за време на тие разговори имаше и интересна средба со младо момче кого го праша за колку дена ќе го научи да вози трактор.

– Може ли за 10 дена? – праша претседателот, на што момчето одговори потврдно, а потоа следеше и нешто поинтересно.

Бидејќи Вучиќ за време на оваа посета ги потенцираше субвенциите за земјоделците и новите трактори, Страхиња рече дека нема да се жени, додека е не добие нов трактор.

„Нема да се женам, сè додека не добијам нов трактор“, му рече детето, додека Вучиќ му порача дека треба да се ожени што е можно побргу за да има што повеќе деца.