Министерството за образование и наука известува дека во вторник ќе се направи измена на конкурсот и ќе се воведе паралелка за акушерки на макаедонски јазик на смерот гинекологија и акушерство. За следната наставна година во Средното Медицинско Училиште на Град Скопје “Д-р Панче Караѓозов” предвидена е само една паралелка на албански јазик, пренесува Фактор.мк

Ваквата одлука следува по бурната реакција на родители и на асоцијацијата на медицински сестри, од каде велат дека три години по ред е оваа дискриминаторска пракса на која треба да и се стави крај.

„Конкурсот за упис во средно образование во учебната 2023-2024 година е исто така заеднички дефиниран, но сепак, постои време и простор за измени. Во таа насока, иницијативата на СУГС Д-р Панче Караѓозов“ е веќе разгледана и информираме дека ќе биде прифатена, односно ќе се отвори и паралелка на македонски наставен јазик за профилот гинеколошко акушерска сестра“, објавија од МОН во вестите на Сител.