Случајот „Диво Насеље“ нема да има повторно судење, бидејќи Врховниот суд одлучил да ја потврди второстепената пресуда, објави Фокус.
Според нив, во пресудата на Врховниот суд пишува дека жалбите на обвинетите се одбиваат како неосновани.
Според правосилната пресуда, повеќето обвинети беа осудените на доживотен затвор, за терористичкиот напад во кумановско Диво Насеље, 13 обвинети добија казна од 40 години затвор, 20 години петмина обвинети, две години помалку доби еден обвинет, а по двајца обвинети добија казна затвор од 14, 13 и 12 години.
Четворица од обвинетите, пак добија и ослободителна пресуда бидејќи обвинителството не доставило доволно докази.
Во терористичкиот напад во Куманово во 2015 година беа убиени осум припадници на МВР, а четириесетина беа повредени.