Колку и да се грижите за здравата исхрана и избегнувате слатки, сепак воред е повремено да си дозволитеод овие „слатки гревови“.
Десертите неги проценувајте врз основа на тоа колку се убави на изглед или колку се тешки за подготовка, туку дали можете да им одолеете по првиот залак и да не посегнете по втор, трет залак…или уште еднопарче. Во овие неколку десерти ќе се вљубитенапрв залак и нема да останете само на тоа. Ќе посакате повторно да ги зготвите.
Печена Алјаска
Ова, всушност, е торта со сладолед прелеана со матена белка што потоа се пече со помош на кујнска лет-ламба. Создадена е во 1867 година, на Алјаска, кога слаткарите се обидувале да создадат јадење кое истовремено ќе биде топло и ладно. За овој денес популарен десерт, базата е вкусен пандишпан со кафеав шеќер, над кој има ставено цела купола од сладолед. Одозгора е декорирана со матени белки со шеќер, кои намерно се оставени нерамни, а потоа со оган се кратко печени со кујнска лет-ламба. За брза подготовка можете да искористите готов пандишпан и сладолед, само да изматите белки. Секако правете мала количина бидејќи е добро да се изеде додека етазе.
Креп сузет
Или палачинки „сузет“, сенајпознатиот француски десерт што не бара многу време за подготовка. Секако време е потребно да се испечат палачинките, но ако ги имате и ден порано подготвено или замрзнати, можете во секое време да се засладите со овој десерт. Потребно е само да ги наредите во чинија, да ги полеете со мешавина од сок од портокал и бренди и потоа да ги фламбирате. Овој десерт, кој првпат е подготвен за принцот од Велс во1895 година, денес е во редовната понуда на познати француски ресторани. Колку и да е едноставен, рецептот е превкусен, а кога еднаш ќе ги подготвите, заследниот пат веќе ќе иматеинспирација за мали промени што ќе ги направат повкусни.
Овошен коблер
Можеби изгледа малку хаотично десертот со овошјенад кој има издробен пандишпан, но како што кажавмена почетокот, убавината не е во изгледот, туку во вкусот. Најдобро е ако користите сезонско овошје, што значи можете да го подготвувате во секое годишно време. Овошјето што претходно е обарено со малку шеќер, се става во садот најдолу и се полева со смеса запандишпан, па се пече во рерна. Бидете креативни и поделете ја смесата во помали чинии, па такаиспечете ги. Накрај додајте еднатопкасладолед и вашето совршенство во чинија е готово.
Чоколаден мус
Зарем треба нешто повеќе да секаже кога главната состојка е чоколадо. За подготовка треба да стопите чоколадо, да додајте матена слатка павлака и белки од јајце, потоа да ги измешате смесите внимателно и да го поделите десертот во стаклени чаши. Додајтемалку матена павлака за декорација.
Милфеј
Овој десерт е познат и како „Наполеон“, анаправен е од нареднислоевилиснато тесто со ванила-крем помеѓу нив. Не мора сами да го правите лиснатототесто, кога денес го има во изобилие да се купи готово. Но, ако се решите да го правите, користете путер, никакомаргарин или некаква замена за путер. Слободно експериментирајте со додавање овошје вофилот.