Од денеска потврда за неосудуваност може да се добие и по електронски пат. Постапката ќе оди преку националниот портал Е – Услуги, а граѓаните според најавите на власта, потврда ќе добиваат за неколку минути, наместо досегашната пракса за ваков документ да се оди лично во суд. Засега ова ќе биде возможно само за физички лица, а во план била имплементација на можноста и за фирмите. Проценетата заштеда на буџетот со дигитализацијата на овој процес е еден милион евра на ниво на цела држава.

„Услугата обезбедува ефикасен пристап до правдата. Штеди ресурси, време и ги намалува трошоците. За пример, доколку се има предвид дека судовите на годишно ниво со физички пристап на корисниците односно на граѓаните изадаваат повеќе од 100 илјади потврди, односно уверенија, а реално потрошеното време просечно изнесува од 10 до 20 минути по дадената услуга, судовите за ова услуга трошат само 58 до 60 дена само во текот на една година или дневно 3 до четири часа“, изјави Лазар Нанев, Претседател на судот во Кавадарци.