Претседателот на градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Владимир Неловски во своето гостување на Тв 24 оцени дека политичката ситуација во Бугарија не ветува дека ќе се реши проблемот кој според него се создал со потпишувањето на Договорот за добрососедство.
„Власта, кога ги потпишуваше договорите со Бугарија и со Грција, велеше дека се затворени сите прашања, а гледаме дека еден од тие договори извади нови прашања и блокади кои ни стојат на патот кон ЕУ“, вели Неловски.