На денешниот протест организиран од страна на Градски Комитет на ВМРО-ДПМНЕ „Здравје, а не провизии“ во своето обраќање претседателот на градски комитет Владимир Нелоски кажа дека министерот за здравство Венко Филипче треба да си даде оставка поради 3.600 починати и поради фактот што министерството за здравство од страна на власта и Филипче е станато министерство за лична провизија и богатење.
-И оваа сабота се собравме тука пред министерството за здравство или како што Филипче би сакал да го нарече министерството за лична провизија и богатење да им порачаме дека е потребно оставка. Оставка но е потребна и одговорност, одговорност за 3.600 починати македонски граѓани кои што не успеаја да се изборат со КОВИД болеста. За жал ние имаме влада која што освен џинџер еднаквоста важна им е и нивното одмарање па најверојатно поради тоа најблиските соработници за Заев најголемиот борец за џинџер екуалити во Македонија да земат малку одмор во тропските локации низ светот“, рече Нелоски.
Владимир Нелоски изјави дека Скопје е празно поради фактот дека голем број на граѓани се на пат за Белград заради вакцина која Венко и власта требало а не им ја обезбедиле. Нелоски рече дека граѓаните знаат дека се оставени сами на себе и затоа границата спрема Србија е полна со македонски граѓани кои решиле спас за своето здравје да бараат во Србија.