Хари Кејн со години е во групата на најдобри напаѓачи во светот.
Иако редовно постигнува голови и пружа добри игри, Кејн сепак не успева да го освои трофејот со Тотенхем.
Англискиот голгетер има 27 години и веќе се шпекулира за заминување од Тотенхем.
„Петлите“ не оставаат ништо на случајноста, па тие веќе одредија цена за својот капитен и најдобар играч.
Кој го сака Кејн, ќе мора да плати не помалку од 200 милиони евра.
Со оглед на тоа што практично сите клубови се потресени од финансиската криза поради пандемијата на коронавирусот, ретко кој е подготвен да ја плати оваа сума.
Инаку, Кејн е член на Тотенхем од 2011 година, а има договор со „Спарси“ уште три сезони.