Мелатонинот е хормон кој му сигнализира на телото дека е време за одмор, но исто така игра многу важна улога во одржувањето на здравјето бидејќи е најважниот антиоксиданс за митохондриите.
Митохондрија е клеточна орнела на еукариотските клетки што служи како извор на клеточна енергија и се троши со текот на годините, па затоа многу експерти препорачуваат оптимизирање на нејзината функција со нутритивна храна, пост, вежби и додатоци во исхраната.
„Митохондриите произведуваат мелатонин, кој ја намалува фисијата на митохондриите и ја зголемува нивната фузија, што ја зачувува нивната нормална функција“, објаснува кардиологот д-р Стивен Гандри додавајќи дека придобивките од мелатонинот ги надминуваат неговите придобивки за добар сон.
Ф’стаци
Ф’стаците имаат голем процент на мелатонин. Анализата спроведена од истражувачи од Државниот универзитет во Луизијана открила дека ф’стаците содржат околу 660 нанограми мелатонин по грам, што е значително поголем број од другите овошја, зеленчуци, ореви и семиња.
Маслиново масло
Маслиновото масло е познато по своите здрави мононезаситени масти и витаминскиот профил, но д-р Гандри вели дека неговата вредност е уште поголема затоа што содржи и мелатонин. Значи, покрај фитохемикалиите и полифенолите кои преовладуваат на менито на медитеранската исхрана, мелатонинот дава уште еден позитивен ефект за здравјето на луѓето,
Црвено вино
Црвеното вино покрај тоа што содржи ресвератрол, содржи и мелатонин. Ова е поткрепено со истражување кое покажува значителни количини на мелатонин во грозјето од кое се произведува црвено вино, што може да придонесе за негово антиоксидативно дејство. Ова не значи дека треба да испиете премногу црвено вино за да ги искористите овие придобивки – може да конзумирате мелатонин и преку сок од грозје и оцет, пишува „MindBodyGreen“.