Ивана Трамп, родена како Ивана Марија Зелничкова, американско-чешка деловна жена и поранешен модел, најпозната како прва сопруга на Доналд Трамп, утре ќе го прослави својот 72 роденден.
Родена е во Чехословачка под комунистичко владеење. Како дете, таа се занимавала со скијање и студирала на Универзитетот во Прага некое време. Во 1971 година се омажила за агентот за недвижнини Алфред Винклмајер, а во 1973 година емигрирала во Канада.
Таа се разведе од првиот сопруг во 1976 година, а по средбата со Трамп во Њујорк, таа се омажила за него во 1977 година. Двојката Трамп брзо стана една од најпознатите во благородното општество на Њујорк. Ивана во бракот со Доналд доби три деца – Доналд Јуниор, Иванка и Ерик.
Кога на крајот на 90-тите години беше откриено дека Доналд има вонбрачна врска со актерката Марла Мепс, таа започна спектакуларна тужба за развод, која заврши во судска спогодба во 1992 година После тоа, Ивана остана во добри односи со нејзиниот поранешен сопруг и меѓу другото, во 2016 година јавно ја поддржа неговата кандидатура за американски претседател.