Пишува: НЕНАД ЈОВАНОВИЌ

Џабир Дерала е еден од „припадниците“ на големиот граѓански активизам во оваа земја. Покрај тоа, Дерала е публицист, писател, есеиста – интелектуален „хулиган“ што го промени, готово револуционерно, нашиот културен и медиумски простор, а сè тоа во пркос на насилниот, пагански, фундаменталистички и националистички простор. И сите врсти на национализам љубоморно го гледаат (со децении) овој човек, самозаљубени во својот неизмиен папок…

 

Имено, пред два дена прочитав на Фејсбук дека Мицкоски го тужи Дерала заради некој негов текст, го тужи заради „шиење на текстот (и светот)“.

Дали сте го прочитале Кафкиниот „Замок“? Знаете, некој го клеветеше Јозеф-а К… Чекајте, па ова е дел од некоја друга приказна, или можеби не е? Некој го клеветеше Џабир-а Д., писател и активист на реномираната и угледна организација „Цивил“ – на органите на прогонот познат и како „Џабир Д. е регистриран за да биде тужен“ (во психолошка смисла значи дека Џабир Д. ја разорува способноста на националистичката свест за тоа што е добро а што е зло). Оттука, Мицкоски се намерачил да го тужи затоа што Џабир Д. е неподобен и неугледен во светот на националистите. Во некои нормални земји, ова би можело да се разбере и како награда и потврда за вредност и квалитет, ама овде такви работи се производ на малтретирање и мрцварење.

Во националистичко општество Џабир Д. му доаѓа како лек за болеста, притоа со години се истакнува контра сè што сите нас нè труе и инфицира: никогаш не поттикнувал говор на омраза, секогаш бил на антивоени и антинационалистички позиции. И кога човек ќе размислува за тоа, не може да се оттргне од впечатокот дека сè тоа е така типично и тажно, практично мелодрамски. Се работи, имено, „типолошки“, за онаа – комунистичка или националистичка позиција, сосема сеедно: затоа што секогаш низ „кастите на интелектуалци“ со национален предзнак мудро се чуваат од луѓе како Џабир Д., затоа што никогаш не се знае: „ничија није горела до зоре“!

Денес, во реално променетите политички околности, се создава амбиент за некој „нов Груевизам“, па најлесно или „најпрво“ се удира на оние кои се артикулирани, се удира на оние кои знаат да напишат што мислат и чувствуваат. Најпрво се удира на оние кои се луѓе, а со останатото тесто за месење ќе биде лесно.

Кога ќе погледаш подобро, во оваа земја никогаш немало место за паметни и вредни луѓе. Уште помалку за идеите на некоја граѓанско-либерална доктрина, некој таков свет или вредност. Вакви тужибаби како Мицкоски & компанија одамна видовме и одамна ги преживеавме. И да бидам искрен: сè тоа е за во Recycle Bin. Понекогаш мислам дека и кога ќе влезеш со националистички струи во „или-или“ позиционирање за „државата и националниот интерес“, некако знаеш дека ќе го јадеш сув, а и некако знаеш дека ќе те превеслаат бидејќи се наоѓаш на нивни терен. И некако знаеш дека го легитимираш злосторничкиот режим од минатите времиња.

Некој, имено, го клеветеше Јозеф-а К., поточно некој го клеветеше Џабир-а Д., се чини дека ќе биде осуден тој, а не неговиот напаѓач.

Зошто?

Како сенки влегоа во неговиот живот, и му го нарушија мирот… Тие се во ропство, а тој е слободен.

Ропство бидејќи не може да разбере дека слободата е неприкосновена, лична и интимна. Слободата е правда, слободата е либерална и антинационална. Зошто ви е „национално единство“ кога сè е јасно како ден?

Тресла се гора родио се миш!

Глувче наречено тужибаба!

Времето лечи се?

Се прашал ли некој дали ќе ги залечи раните на Џабир-а Д.?

Се разбира дека нема… Се надевам дека срамот нема да нè надживее.

Некој го клеветеше Јозеф-а К., или чекај, па ова е дел од некоја друга приказна, или можеби сепак не е?

Превземено од Фронтлине.мк