Со нов мијалник во рацете најбогатиот човек во светот, Илон Маск, влезе во канцелариите на компанијата Твитер, која треба да ја купи за 44 милијарди долари пред истекот на рокот 28 октомври, пишува Гардијан.

Маск појасни дека се работи за симболика, со фразата „нека потоне“ („let that sink in“), која на англиски се користи во ситуации кога нешто треба да се прифати, сфати или да се разбере.