Огнената група не е исклучена од партијата. Функционерите од Владата нека бидат „мажи“ и нека нè повикаат на партиски состанок за да се соочат со аргументите. Муса Џафери за првпат зборува по последната одлука на ДУИ, која Џафери ја нарече антидржавна, пренесува Алсат.

„Ние сме членови на претседателството, оние за кои тие мислат дека сме самоисклучени. Имаме законско право да бидеме поканети и да присуствуваме на состаноците на претседателството. Во најнепосакуваната варијанта ќе одиме на состанок на претседателството, кога и да има состанок на претседателството на партијата. Никој нема право да нè спречува сè додека Генералниот совет не се состане и не дебатира за оваа ситуација и не се оди на реизбор на ново Претседателство, каде што може со мнозинство гласови, што ќе го почитуваме, но ќе дебатираме, за тоа кои се соодветните и кои се несоодветните кои треба да бидат во новото евентуално претседателство на нашата партија. Не можете да направите избори и да организирате избори со крајно прескокнување на организацискиот секретар на вашата партија кого го избравте минатата есен“, вели Џафери.

Џафери појаснува дека во последно време не комуницира со шефот на ДУИ, Али Ахмети. Но, нагласува дека Огнената група е дел од партијата и очекува средба со Ахмети.

„За жал, од состанокот кога бевме надгласани на тој начин и со изговор, не сум имал контакти. Формално, професионално, тие треба да нè поканат на состанокот, на начин кој би бил принципиелен. Ако телата утврдат дека треба да бидеме разрешени, тоа би било повеќе од легитимно и ‘помашки’ отколку да се кријат зад зборови влејќи дека се или не членови на претседателството, се самоисклучиле, сè додека изразиле протест и заминале од состанокот којшто повеќе немаше смисла“, додава Џафери.

Ставовите на Џафери доаѓаат по соопштението на ДУИ каде беше наведено дека членовите на огнената група се „самоисклучиле од партијата“.