Фудбалерот на Пари Сен-Жермен беше незадоволен од судијата во полуфиналниот натпревар од Купот на Франција со Монпелје (2:2, на пенали – 6:5).
Бразилецот влезе како замена во 86. минута и доби жолт картон неколку минути подоцна. Поради овој картон, Нејмар нема да може да игра во финалето на турнирот.
– Играв пет минути, фаулирав, и ми покажуваат жолт картон без двоумење. Ви благодарам што ме лишивте од можност да играм во финалето. Мислам дека ова е нешто лично, а? – напиша Нејмар на Инстаграм.
Натпреварот го судеше Жереми Пињар.
Во финалето ПСЖ ќе се соочи со подобриот од дуелот Монако – Руми Валер.
