Фудбалерите на ПСЖ вечерва го играат реваншот од полуфиналето во Лигата на шампионите на гости против Манчестер Сити.

Парижаните сакаат да се пласираат во финалето, но вечерва ќе имаат многу тешка работа на „Етихад“ против тимот на Манчестер Сити.

Граѓаните славеа со 2:1 на првиот натпревар во Париз и имаат добар резултат пред реваншот, но јасно е дека на овој судир сè уште не е готово.

Ова најдобро го покажува изјавата на Нејмар вчера пред овој натпревар и тој рече дека играчите на ПСЖ ќе дадат се од себе да направат пресврт и на крајот да се пласираат во финалето.

Нејмар ги изненади сите кога изјави дека е подготвен дури и да умре на теренот само за неговиот тим на крајот да стигне до финалето во Лигата на шампионите.

„Ни претстои многу тешка игра против Манчестер Сити, но мора да веруваме во победа без оглед на статистиката или процентот на шанса за победа“, рече Нејмар и продолжи.

“Мислам дека секој Парижанец мора да верува во нас, јас сум првиот што го стори тоа. Јас сум на фронтот и ќе бидам првиот воин кој ќе влезе во битка за тимот. Ќе дадам се од себе и ќе направам сè за да се пласираме во финалето, дури и ако треба да умрам на теренот“.

Реваншот од полуфиналето во Лигата на шампионите меѓу Сити и ПСЖ се игра вечерва во 21 часот, а англиските медиуми веќе ги објавија можните состави кои ќе ги пренесат Гвардиола и Покетино.

Гвардиола нема да промени многу од првата средба, додека Покетино е во неволја бидејќи сè уште не знае дали ќе игра Килијан Мбапе. Мбапе има мала повреда и ПСЖ се надева дека ќе биде подготвен за натпреварот, но тоа ќе се знае непосредно пред почетокот.