ПСЖ го започна својот „напад“ на трофејот во Лигата на шампионите пред десет години, но овој клуб се уште не успеа да ја постигне оваа цел.
Парижаните потрошија огромни суми пари за засилувања во претходните години за да може трофејот од Лигата на шампионите конечно да стигне до Париз, но се уште нема ништо од тоа.
Летово ПСЖ не потроши многу на засилувања, а тие донесоа неверојатни засилувања. Како прво, се издвојува Лионел Меси, кој дојде бесплатно од Барселона, а без надомест, клубот ги донесе и Серхио Рамос и Џанлуиџи Донарума.
Јасно е дека ПСЖ сега има навистина неверојатен тим предводен од Нејмар и Килијан Мбапе од порано и се очекува дека парижаните ќе бидат првите фаворити за освојување на Лигата на шампионите оваа сезона.
Првиот човек на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи, не штеди пари за да го направи ПСЖ најдобар клуб во светот, а се започна во летото 2017 година кога го донесе Нејмар за неверојатни 222 милиони евра.
Набргу потоа, Килијан Мбапе пристигна од Монако за 180 милиони евра, но двајцата не успеаја да ја постигнат најважната цел.
Нејмар беше многу незадоволен и несреќен во клубот по првата сезона и сакаше да се врати во Барселона, па беше на чекор до враќање, но на крајот успеа да остане во ПСЖ.
Нејмар е тој што деновиве се најде во центарот на вниманието на француската јавност бидејќи сега доби се што побара, а сега сите очекуваат од него конечно да одигра најдобро што може и да ги оправда вложените пари.
Бразилецот беше многу активен во текот на летото во врска со засилувањата што ги донесе ПСЖ. „Л’Екип“ откри дека Нејмар бил во директен контакт со Меси и Рамос и дека на крајот ги убедил да дојдат во ПСЖ, што на крајот го потврдиле.
Рамос на презентацијата рече дека Нејмар постојано му праќал пораки за да го охрабри да ја прифати понудата на ПСЖ. Меси, од друга страна, рече дека Нејмар одигра важна улога за на крајот да го доведе во Париз.
Сега, кога Нејмар повторно го има својот најдобар пријател Меси во тимот и многу одлични играчи, се очекува ПСЖ конечно да стигне до Лигата на шампионите, што сигурно ќе биде огромен притисок оваа сезона.
Дали Галактикосите од Париз ќе успеат да го постигнат сето тоа или ќе биде уште еден „неуспех“ на богатите сопственици, останува да видиме.