Нејмар има договор со ПСЖ до 2022 година. ПСЖ сака да ја продолжи соработката, но работите тешко одат. Сепак, ако се суди според неговата последна изјава, тогаш тој веќе донел одлука за иднината.
-„Продолжувањето на договорот повеќе не е проблем. Очигледно е дека во Париз сум среќен и сум како дома. ПСЖ е одличен тим. Сега сме во полуфиналето и можеме да сонуваме. Јас сум многу среќен, изјави Нејмар по пласманот во полуфиналето и покрај поразод од 1:0 од Баерн Минехн.