Неизвесно е дали сите средни училишта во Велика Британија ќе ја продолжат наставата по Божиќ, соопшти утрово кабинетот на секретарот на британската Влада, Мајкл Гоув.
Тој потврди дека според актуелниот план е предвидено делумно обновување на наставата од следната недела, а една седмица подоцна и враќање во училишните клупи на сите средношколци во Велика Британија.
– Ја анализираме ситуацијата, а со наставниците ќе се консултираме во следните 24 до 48 часа, со цел со сигурност да ја потврдиме исправноста на нашите планови – истакна Гоув.