Поранешниот директор на Центарот за белодробни заболувања, Оливер Зафировски, кој е член на ВМРО-ДПМНЕ, денеска побара нужен негативен ПРЦ тест за да се влезе во Македонија, и тестирање и контрола на сите кои преминуваат границата, пренесува Плусинфо.
Во време кога десетина пациенти веќе се лекуваат од брзорастечкиот делта-сој и кога земјите од светот размислуваат целосно да ги затворат границите, власта во Македонија се однесува неодговорно, објаснува Зафировски на партиската говорница.