Поранешниот советник од ДУИ во Советот на Општина Охрид, веќе е член на општинската Комисија за заштита на животната средина, според веб страницата на општината.
Именувањето на Усеини во комисијата предизвика реакции во јавноста, затоа што неговите бизниси беа меѓу главните забелешки на УНЕСКО за одземање на заштитениот статус на Охрид.
Од вчера неговата градежна компанија „НЕФИ ИК“, е ангажирана како подизведувач на сараевската „Енергоинвест“,која започна да го гради 400 киловолтниот далновод од Битола до македонско-албанската граница.
Нефи Усеини е познат по дивоградбата кај Чинарот и бетонската база на брегот на езерото, која беше урната во 2020 година. Тој доби и кривична пријава за насилство, поради што избега, но случајот се затвори откако нападнатиот ја смени изјавата.