Вчера премиерно на официјалната страница на прерано починатата рок-ѕвезда Влатко Илиевски беше пуштена досега необјавената „Божиќна песна“ во изведба на Влатко и хорот „Златно славејче“. Станува збор за преработка на старата и позната детска песна, чија музика е на Кире Костов, додека текстот го има напишано Љупчо Јакимовски. Оваа нова верзија на Влатко и хорот „Златно славејче“ била снимена во студиото „Торус“ на Александар Митевски. Слушнете и уживајте: