Претседателот на СОНК, Јаким Неделков пред средбата во Министерството за труд и социјална политика посочи дека очекуваат дека денеска ќе го затворат проблемот со деновите од штрајк.
Тој додава дека тоа значи вработените од детските градинки, како и вработените во основните и средните училишта да си ги добијат дневниците.
Инаку, Во Министерството за труд и социјална политика претпладнево ќе се оддржи нова средба помеѓу министерката Јованка Тренчевска и претседателот на Синдикатот за образование наука и култура, Јаким Неделков, за изнаоѓање решение околу исплатата на плати за вработените во предучилишните установи кои учествуваа во штрајкот, организиран од СОНК.
Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска по последната средба со Неделков на 17 мај, изјави дека ги приближуваат ставовите со СОНК и оти очекува до крајот на неделава да биде постигнат договор.