Во текот на неделава можно е екс директорот на УБК, Сашо Мијалков да излезе од притворот „Шутка“. Веста ја обијавија повеќе медиуми повикувајќи се на свои извори. Како што се вели во информациите, Апелација треба да пресече дали ќе биде прифатена понудата за гаранција во вкупна вредност од 10,8 милиони евра. Можно е гаранцијата да не биде прифатена, а Мијалков сепак да биде испратен во домашен притвор.
Во второстепениот суд веќе се наоѓа жалбата на Мијалков, но и одлуката на вишиот јавен обвинител Бурим Рустеми, кој смета дека жалбата, и покрај милионската гранција, треба да биде одбиена, односно Мијалков и понатаму да остане во притвор.
Неодамна Кривичниот суд одлучи да ја му ја одбие гаранцијата, и покрај позитивното мислење на обвинителот Артан Ајро.