На Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје по повод 18 Октомври – Светскиот ден на менопаузата, ќе се спроведе недела на бесплатни прегледи и консултации на пациентки во менопауза.
Целта на оваа активност е да се подигне свеста кај пациентките, да им се објасни сè она што би сакале да го дознаат во врска со оваа состојба, да добијат совет и да се насочат кон дополнителни иследувања, терапија и слично, соопштија од ГАК.
Темите се различни и обработуваат по еден органски систем кај жените. Годинава, фокусот е ставен на грижата за менталното здравје (темата е расположение, когнитивна состојба кај жените во менопауза).
Од ГАК соопштуваат дека денеска, вторник, 18 октомври прегледите ќе ги врши доц. д-р Анета Сима, утре е асс. д-р Димитар Калчовски, в четврток, 20 октовмри е асс. д-р Наташа Илиева
а во петок асс. д-р Ева Созовска Белчовска.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.