Граѓанскиот активист Бесим Небиу потсетува дека шарената револуција, во која учествувал немала цел да го заддржи на власт дел од режимот на Груевски.
„Ако имала, не ни било соопштено дека полу правда е полу мир! Или четвртина, осмина, сеедно…“, пишува Небиу на неговиот Фејсбук профил.
Тој тврди дека на изборите во Октомври 2017, СДСМ максимално се заложила да го спаси ДУИ од пораз.
„Меѓу 90 и 900 гласови беше разликата во Чаир, Тетово, Дебар… Разликата ја правеа се разбира гласовите на СДСМ, со помош на МВР и другите полуги на власта. Најгрдо од се беше што СДСМ, го подржа Мерко против Села, кога и ДУИ и АА беа дел од владата. Неполни 6 месеци после 27 април 2017“, смета Небиу.
Според него, Мерко победил со подршката на СДСМ, инаку ќе победел Села, а истото сценарио било применето и во Чаир, каде кандидатот на ДУИ победил со разлика од 90 гласови.
„Што е сега проблемот, ако СДСМ е во цврста коалиција со пола од режимот на Грујо, другата половина да сака да конечно одиме напред?“, прашува Небиу.