Средбите меѓу новите премиери на Северна Македонија и Бугарија, Димитар Ковачевски и Кирил Петков може да биде добра прилика за решавање на македонско-бугарскиот спорт до крајот на годината, во спротивно спорот нема да се реши во наредните десет години, предвидува политичкиот аналитичар Бесим Небиу во интервју за ТВ Шења и порталот zoom. мk додавајќи дека интензивните контакти меѓу двете земји имаат за цел да ја смири топката и да ја надмине негативната енеригија создадена во претходниот период , која практично го оневозможуваше дијалогот меѓу двете земји.
„Интензивните средби меѓу владите на Северна Македонија и Бугарија имаат за цел да ја смират топката за да создадат нова клима и поголемо разбирање за да можат да разговарат и да најдат решение за споровите“, вели аналитичарот Небиу одговарајќи на прашањето дали интензивирањето на економската соработа може да го олесни решението за политичките прашања.
Небиу верува дека единствено политичко решение за владината СДСМ е брзо да почне преговори со Европската Унија, во спротивно многу брзо ќе ја изгуби власта.
„Обновувањето на раководството на СДСМ го гледам во овој правец бидејќи претходното раководство се истроши политички не само заради поразот на локалните избори. Ако нема брза европска агенда за СДСМ нема да има ниеден друг адут да ја оддржи власта“, истакнува Бесими.
Тој смета дека спорот со Бугарија е потежок за решавање од спорот за името со Грција бидејќи во суштината на спорот е идентитетот на Бугарите и Македонците, дали Македонците имаат бугарски корени или се различен народ од бугарскиот.
„Природата на конфликтот има емоционалната димензија и заради тоа е тешко да се направат отстапки“, вели Бесими потенцирајќи дека двете земји се под зголемен притисок однадвор да најдат решение заради европската перпектива на регионот. Бугарија е изложена на критики поради ветото со кое не ја блокира само Северна Македонија, туку и Албанија, а Скопје ако сака да ги почне преговорите ќе треба да направи одредени отспаки, оценува Небиу.
Согласноста меѓу двете земји за долгото и краткото име на Република Северна Македонија, внесувањето на Бугарите во Уставот и рехабилитацијата на бугарските жртви од југословенско време се обид спорот од емоцинална природа да добие политичко значење кое полесно може да се реши, смета Небиу и додава дека спорот можат да го решат само политичарите, а не историчарите кои доаѓаат од официјалните историски наративи од двете страни.
„Бугарија не го спори денешниот идентитет на Македонците, туку смета дека македонската историја пред 1945 година е дел од бугарската историја. Барањето за внесување на Бугарите во уставот е практично прашање и може да го реши политиката. Прашањето се извлекува од историска димензија и добива политичка димензија. Така дефиниран проблемот полесно може да се реши отколку да се каже што бил Гоце Делчев“, додава аналитичарот Небиу.