Откако Владата ќе одобри, конфискуваните станови на поранешниот премиер Никола Груевски одат на продажба. Вредноста на двата стана на „Бихаќка“ и трите апартмани во „Панорама Резиденс“ е проценета на 1,9 милиони евра, вели директорот на Агенција за конфискуван имот Дритон Небиу во интервју за РСЕ.
Колку и зошто останаа непродадени делови од имотот на Мијалков?
Мене ми е чудно што остана непродаден дел од имотот на господинот Сашо Мијалков. Откако јас сум дојден тука презедовме сериозни чекори да ги разгледуваме сите предмети и сите можности каде ќе може да ги ставиме на јавна аукција имотите од предметите за кои веќе има правосилна пресуда од Судот. Ниту една третина нема продадено од имотот на господинот Сашо Мијалков, затоа што тука располагам со дваесет и нешто недвижни имоти коишто планираме во многу краток период да ги објавиме.























