Советот на јавни обвинители денеска ја избра Фатиме Фетаи за јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство.
Таа беше поддржана со 9 гласови „ЗА“.
Покрај Фетаи, и Бурим Рустеми, Сашо Рајчев, Наум Пановски и Снежана Бундалевска – Георгиевска се избрани за обвинители во Вишото јавно обвинителство Скопје.
Претходно, Фатиме не беше избрана за јавен обвинител во Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција.