Досега се откриени неколку мутации на ковид-19, а од неодамна и индискиот сој, т.н. двоен мутант, кој засега во регионот е регистриран во Грција, Хрватска и Словенија.
Зошто има толку многу мутации и дали треба да се плашиме поради истите, на српската телевизија Прва зборуваше вирусологот д-р Ана Глигиќ:
„Ова е нормално за РНК вирусите, овие моќни мутации се веќе добропознати. Тие се всушност жестока борба на вирусот за да се задржи меѓу луѓето, односно се обидува да се прилагоди и да остане во природата. Сепак, сите овие мутации ќе наидат на пречка од вакцините бидејќи сите коронарни вируси што ги имаме, имаат нешто заедничко. Сите вакцини што досега ги користевме се ефикасни, многу луѓе се вакцинираа, многу се раазболеја и оздравеја, создадовме имунитет, што ќе понуди некаква заштита од мутации“, рече Глигиќ, додавајќи дека сега достапните вакцини ќе штитат нешто помалку од новите соеви.
Вирусолозите велат дека вирусот обично ослабува со мутациите, сепак, откриено е дека некои од новите соеви на ковид-19 се пренесуваат побрзо од претходните.
„Уште минатата година очекувавме ковид-19 да мутира и ослаби до тој степен што ќе исчезне, но тоа само покажа некои нови карактеристики, за кои вирусолозите досега не знаеја. Сепак, чекаме. Слушнав вчера дека бројот на заразени лица се намалува дури и во земји кадешто нема голем број вакцинирани лица, што значи дека се случува она што го зборувам речиси една година, дека вирусот полека ‘испарува’ сам. Човекот е ќорсокак за ваквите вируси“, вели таа.
Д-р Глигиќ, исто така, посочува дека корона-вирусите никогаш нема да исчезнат, но верува дека истите никогаш нема да ги загрозат луѓето во толкава мера, како изминатава година ипол.
„Короната никогаш нема да исчезне бидејќи дивите животни во природата се „инкубатори“ и се’ зависи од тоа кога некој вирус ќе скокне од природата и ќе премине од вектор на човек. Сепак, идните вируси ќе бидат пречекани од имунизирана популација од тековното вакцинирање и сè додека трае човечкиот имунитет, идните коронавируси никогаш повеќе нема да создадат драматичната состојба како оваа сега“.
Д-р Ана Глигиќ вели дека од самиот почеток на пандемијата, таа е поддржувач на „старите класични вакцини“ и верува дека тие исто така ќе обезбедат соодветна заштита од новите мутации на ковид-19.
„Мислам дека овие вакцини ќе ве заштитат најмногу од мутации, бидејќи тие даваат целосен состав на вирусот на кој телото треба да создаде одбрана. Бидете внимателни, бидеќи ние мериме само еден или два вида антитела, а има неколку видови на одбрана. Најважни се неутрализирачките антитела, моето искуство вели дека тие се појавуваат од првиот ден и сигурно е дека пациентите што прележале имаат посилен имунитет од вакцинираните, но сепак, вакцините се извонредно дизајнирани и даваат извонреден резултат“, вели таа.
Глигиќ, исто така, вели дека нејзиниот став е дека засега, не треба да размислуваме за трета доза на вакцина, за која се зборува сè повеќе и повеќе.
„Според мене, засега не треба да се зборува за трета доза на вакцина затоа што секако се развиени неутрализирачки антитела и хеми-инхибиторни антитела, кои се втори по вредност во одбраната на организмот. Сметам дека не треба да размислуваме за трета доза се’ додека не дојде до драстична промена на вирусот. Доколку ковид-19 мутира до тој степен, тогаш ќе треба да се направи трета доза од имплантација на парче од тој мутиран вирус, што ќе даде одбрана од таа мутација”, заклучи вирусологот д-р Ана Глигиќ, додавајќи дека производството на руската вакцина во српски Торлак ќе помогне уште повеќе.