Родителите кои се против воведување дигитални учебници во образованието, до Собранието доставија предлог за покренување граѓанска иницијатива за распишување референдум на државно ниво. Здружени во иницијативата „Учебници и настава мора да има“ , велат дека успеале да соберат 600 потписи на протестите кои ги одржаа за време на викендот.
-Доколку во рок од три не добиеме одговори, ние ќе сметаме дека тоа е прифатено и ќе продолжиме со собирање на потписи. Потребни ни се 10 000 потписи за законски да можеме да организираме референдум. Доколку не бидеме прифатени од претседателот на Собранието, ќе се обратиме до Владата ќе продолжиме со протестот, изјави Драгана Спасевска.
Спасевска додаде дека бараат средба и со премиерот Зоран Заев, откако им пропаднаа обидите да ја убедат министерката за образование Мила Царовска, да го повлече законот за учебници.