Лукот важи за производ со неверојатно благотворно дејство на нашиот организам, но постојат начини на кои никако не би требало да го јадеме
Лукот е познат по тоа што нуди бројни придобивки за нашиот организам, па често го јадеме на различни начини. Меѓутоа, некои од нив воопшто не се препорачливи, предупредуваат лекарите. Многу луѓе го користат неговото моќно дејство за да го зајакнат имунитетот, во борбата против вируси, но и за снижување висок притисок.
Овој производ дејствува:
антибактериски
антивирусно
антигабично
антивоспалително
антипаразитски
антиоксидативно
антиканцерогено
Сепак докторите предупредуваат дека пациентите што имаат проблеми со висок притисок не би требало да земаат лук на своја рака, без претходна консултација.
Имено, тие најчесто голтаат чешне лук за да го снижат притисок, но тоа може да остави сериозни последици на организмот, особено на желудникот. Сетоа тоа се должи на еден комплетно погрешен совет што кружи на Интернет.
„Сме имале случаи во кои луѓето читаат разни совети на Интернет и ги применуваат, а потоа ни се јавуваат поради разни симптоми. Така, се рашири некој рецепт според кој треба да се голта по цело чешне лук. Како последица на тоа, се јавуваат ужасни болки во желудникот, а на лекарите им треба време да утврдат каде лежи проблемот, за потоа да се открие дека пациентите голтале лук. Тоа може да доведе и до комплетна нефункционалност цели 48 часа“, предупредуваат докторите.
Експертите со години нагласуваат дека најдобро е да се јаде изгмечен свеж лук, бидејќи така се поттикнува ензимска реакција во која се ослободува алицин. Станува збор за супстанцата која во најголема мера е заслужна за лековитото дејство на овој зеленчук.
Доколку го обработувате термички, додајте го во јадењето пред самиот крај, за да не биде изложен на високи температури подолго од десетина минути.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.