Министерот за образование Јетон Шаќири нема информација колку ученици и наставници се позитивни на Ковид-19 и кои не се појавиле во текот на првиот ден на настава.
„Моментално? Точна бројка… Јас комуницирав со Комисијата и ми рекоа дека бројката не е висока и наставата да почне со физичко присуство, само тоа ми е дадено“, вели Шаќири за ТВ 21.
Ниту здравствените власти немаат информации за бројот на заразени ученици и наставници.
„Најавија скрининг или тест за Ковид-19 кај учениците. Скринингот ќе опфати околу 20 илјади ученици, а тоа ќе се направи со брзи тестови. Целта е да се види вкупната застапеност на вирусот во овие старосни групи“, вели Александар Петличковски претседател на Комисијата за заразни болести.