Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи засега не може да каже колкави ќе бидат побарувањата на нашата држава од ММФ и од други извори. Очекува дека за десетина дена ребалансот ќе се најде на владина седница. Тогаш, рече, ќе се знае за колкави средства станува збор.
ММФ, според Битиќи, се уште нема испратено извештај по последната Мисија во земјава.
Ребаласот е при крај, дополни вицепремиерот. Се прават последните консултации со сите чинители.
–Се уште не можам да кажам, се додека немаме одговор. Мисијата на ММФ е завршена, но се уште немаат испратено извештај. Се чека одговор од нивна страна. Да почекаме уште некој ден. Се надевам дека за десетина дена ќе дојде ребалансот на Влада. Тогаш ќе имате одговор и колку пари се бараат како еврообврзница, колку од ММФ, колку од други извори, рече Битиќи.