Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски не знае кога ќе почне изградабата на втората делница од автопатот Скопје-Блаце од десет километри бидејќи годинава допрва треба да се распише тендер за изградба на автопатот Скопје-Блаце, а следната година да се избере и изведувач на работите.
„Автопатот Скопје – Блаце реално е потребен заради големиот проток на возла и од Скопје кон границата и обратно. Тоа е економска размена, трговија, развој на пазарот на домашните компании, затоа мора да ги градиме овие патишта да бидеме поконкуретни“, вели Бочварски во интервју за порталот zoom.mk.
Тој се фали дека од почетокот на годината се завршени пола од работите во првата делница од два километри на автопатот Скопје-Блаце, додека втората делница се репроектира заради одредени проблеми што се јавиле на постоечката траса.
„Идеја за автопатот е од 2001 година кога почнало проектирањето, сега сме 2021 година, со тие проекти од тоа време секако не можеме да работиме бидејќи има измени на конфигурацијата на трасата, можеби други проекти се изградиле, гасоводи, водоводи, резервоари на општините, заради тоа треба брзо проектирање и брзо завршување“, порачува Бочварски.
Според него, не е чудно што 12 киломтери автопат се гради подолго време затоа што теренот бил специфичен, а автошатот бил и мнлгу скап.
„Точно е дека се работи за кратка делница, но сепак тоа е автопат каде што има специфична конфигурација на теренот. Тоа е доста скап автопат, но секако исплатилив затоа што ќе ја зголемиме енормно стоковата размена мегу двете земји“, додава Бочварски.
Во врска со донесување на Закон за изградба на автопатот од Коридорот осум Бочварски вели дека тој ќе помогне побрзо да се гради автопатот Скопје-Ќафасан со цел да не го изгубиме овој коридори и да се премести надвор од нашите граници.
„Ние мораме да ги комплетираме овие делници. На Исток Бугарија гради коридор од Софија кон Ниш. Нашите коридори осум и десет мора да ги држиме во сериозна силна кондиција затоа што протокот на возила е многу знаечаен заради транзитот, влезот на средства во државата и заради безбедноста не само на другите граѓани кои транзитираат туку и заради нашите граѓани кои патуваат, да го намалиме бројот на жртви по патишта“, вели Бочварски.