Србинката Марина Туцаковиќ (67) текстописец, води битка со ракот, за кој во неколку наврати искрено проговори во медиумите.
Познатата балканска хитмејкерка искрено раскажа за својата здравствена состојба и откри дека навистина се труди да биде позитивна.
„Во последно време накачив неколку килограми. Добро се чувствувам и се надевам дека прегледите ќе покажат дека се оди на подобро. Ме знаете вие мене, не се откажувам и се борам. Од терпии земав буквално се и сешто. Нешто ми помогна, нешто не. Верувам дека секој организам поинаку реагира на лековите и тоа е нормално. Слушнав за разни чудесни начини кои излекувале многумина, а јас за жал не сум премногу дисциплинирана, па тие приказни некако ме заморуваат“, изјави Туцаковиќ.
Таа тврди дека семејството и пријателите и се најголемата поддршка во тешкиот период низ кој поминува:
„Кога и да паднам најблиските се тука да ми ја вратат силата. Семејството и пријателите никогаш не ми дозволуваат да потклекнам. Во последно време не се чувствам добро бидејќи хемотерапијата беше премногу силна. Сепак, велат дека колку е посилна, толку резултатите се подобри“, заклучи Туцаковиќ.