И сестрата на Бесмира Ејупи, несудената конзулка во Њујорка заработувала хонорарно во Државното правобранителство, покажуваат податоците на Отворени финансии, објави Телма.
Како што објави оваа телевизија Фатиме Ејупи за две години во 14 наврати добила по околу 20 илјади денари по трансакција или вкупно заработила околу 4.200 евра до Државното правобранителство. Сестрата Бесмира пак која на затворена владина седница првин беше назначена за конзул во Њујорк, па потоа отповикана од истото правобранителство заработила околу 4 илјади евра.
Двете сестри не работеле само во една државна институција, туку во повеќе па така Бесмира била ангажирана хонорарно и во општините Чаир, Сарај, Брвеница и Петровец додека Фатиме Ејупи лани во декември добила илјада евра хонорар од Државната изборна комисија и уште околу 4 илјади денари од УЈП во повеќе ситни трансакции.