Борусија Дортмунд го победи Баер Леверкузен со 3:1 во последното коло од Бундеслигата.

На овој натпревар, последниот натпревар во неговната кариера го одиграа браќата Ларс и Свен Бендер, а Ларс влезе наместо неговиот брат на самиот крај од мечот.

Во тој момент беше досуден пенал за Баер. Ларс влезе да го изведе пеналот и да ја погоди мрежата за конечен резултат од 3:1.

Од почит кон Ларс Бендер и неговата кариера, голманот на Борусија, Роман Бурки не се ни обиде да го одбрани пеналот.

Остана на средината на голот, Бендер ја пласира топката во голот, а потоа срдечно го поздрави голманот на тимот од Дортмунд.

Ларс Бендер е член на Баер од 2009 година. Тој за овој клуб одигра 341 натпревар и постигна 26 гола. Тој играше и за Минхен 1860.

Неговиот брат близнак Свен играше дури осум години за Борусија и стана член на Баер во 2017 година.

Тој одигра вкупно 448 натпревари во Бундеслигата и постигна 14 погодоци. Исто така, како и неговиот брат, тој ја започна својата кариера во Минхен 1860.

Браќата Бендер се вистински легенди во Бундеслигата. Вистинска штета е што тие имаа проблеми со повредите.