Андер Херера, за разлика од некои негови пријатели во ПСЖ, не сакаше да зборува за шпекулациите кои го поврзуваат Лионел Меси со францускиот клуб.

Договорот на Лео истекува во јуни и се шушка дека тој ќе смени екипи, а Манчестер Сити и ПСЖ го сакаат 33-годишниот фудбалер во своите редови.

„Не сакам Барса да зборува за Нејмар, па затоа нема да зборувам ништо за Меси“, изјави Шпанецот за „Кадена СЕР“.

За претсојниот натпревар против Барселона во Лигата на шампионите, Херера изјави дека неговиот тим треба да биде внимателен на Лео, но и на Де Јонг, кои во моментов се во подобра форма во Барса.

loading…