„НЕ МОЛЧИ ЗА МАСАКРОТ“ беше мотото на протестот кој се одржа во Скопската Чаршија пред џамијата Мурат-паша, јавува ТВ 21.

Граѓаните се собраа за поддршка на Палестина, против насилството и масакрот што им се прави од Израел.

Граѓанин порача дека целиот свет треба да стане на нозе и да го спречи овој масакр.

„Не постојат терористички групи туку постои терористичката држава на Израел кој тоа го прави 75 години, но сега е моментот целиот свет да стане на нозе и да каже стоп и да прекине овој геноцид или овој фашизам на Израел и тоа треба да се прекине, не станува збор само за муслимани, туку станува збор за луѓе“.

„Повикуваме за итни мерки за да им се стави крај на овие напади кои го убиваат човековото достоинство, посебно како регион кои сме преживеале многу геноциди и масакри во крајот на 20 – тиот век, сакаме да ја изразиме нашата солидарност за нашите браќа Палестинци. Додека не толерира продолжување на војната и трагедии, последните настани во Газа за жал светот не излезе и не е со чист образ“.

Протестот го организираше невладиното културно друштво „Визиони М“. Во повикот беше напишано дека платформата е да се изрази гласот против нападите кои го нарушуваат човечкото достоинство и ги кршат најосновните човекови права.