Во Бразил не стивнуваат критиките на сметка на фудбалерот на ПСЖ поради новогодишната забава која се одржа во неговата вила.
Нејмар неодамна направи забави во својата вила на која покани дури 500 гости и тоа го навлече гневот на јавноста и на фановите бидејќи тоа се случува во време на пандемија на коронавирусот, а Бразил е една од најтешко погодените земји во светот.
Според најавите забавата ќе трае неколку дена и ќе се пренесе за дочекот на Новата година, а ќе се одржи во местото Мангаритабо кое се наоѓа на околу 105 километри од Рио де Жанеиро.
Бразилецот ангажира адвокати кои соопштија дека играчот нема ништо со забавата која ја организира агенцијата Фабрика.
„Тоа е нивен настан и не е поврзан со Нејмар. Тој за ногодишната ноќ ќе биде заедно со своето семејство, синот и физиотерапевтот“, објавија неговите адвокати.
Агенцијата фабрика вчера соопшто дека на забавата ќе се почитуваат сите здравствени мерки со цел да се спречи ширењето на коронавирусот и нема да има 500 гости, туку 150.
Бразил е една од најпогодените земји од коронавирусот, регистрирани се околу 7.5 милиони случаи со што е на третото место на неславната листа, а се починати 191.139 лица по што е веднаш зад САД кои имаат највеќе смртни случаи во светот.